Хроника 27. август 2020. / 12:57

Тешко повреден моторциклист кој се судрил со автомобил управуван од малолетник

Тешко повреден моторциклист кој се судрил со автомобил управуван од малолетник

На 26.08.2020 во 02,00 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Јустинијан први“ и ул.„Солунска глава“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16 годишник од Скопје и моторцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.С.(41) од с.Студеничани-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.