Хроника 09. јули 2019. / 10:24

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Партизанска

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Партизанска

Вчера околу 14.00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.