Хроника 06. декември 2020. / 18:30

Тешко повреден малолетен пешак по удар од автомобил во Маџари

Тешко повреден малолетен пешак по удар од автомобил во Маџари

На 05.12.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од с.Табановце, кумановско, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.