Хроника 19. септември 2020. / 14:15

Тешко повреден градежен работник во Кавадарци

Тешко повреден градежен работник во Кавадарци

Педесет и шестгодишен кавадарчанец се здобил со тешки повреди при градежни активности на улицата „Битолска“ во Кавадарци.

Случајот е пријавен завчера во 14 часот во полициската станица во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.