Хроника 21. август 2020. / 11:02

Тешко повреден гостиварец кој со возило излетал од коловоз

Тешко повреден гостиварец кој со возило излетал од коловоз

На 20.08.2020 во 20.15 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Карпалак“, патничко возило „крајслер неон“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(41) од Гостивар, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.