Хроника 23. декември 2018. / 11:42

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во населбата Топанско Поле. Во 19:40 часот на крстосница од ул. „2-ра Македонска бригада“ и ул. „Методија Митевски“, несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило ,,Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишниот Д.Џ. од Скопје и патничко моторно возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од 27-годишниот Б.Д. од Скопје.

Со повреди се задобиле сопатниците во возилото ,,Рено “ А.Б (30) од Скопје ,Е.С(33) од Скопје, како и патникот во возилото „Фолксваген голф“ Е.Ш(24) од Скопје, кои биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.