Хроника 09. јануари 2019. / 11:47

Тешка сообраќајка во Виница- Една жена тешко повредена

Тешка сообраќајка во Виница- Една жена тешко повредена

Во текот на вчерашниот ден околу 17.25 часот на крстосницата од улиците Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Виница, и патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.М.(28) од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Се работи на расчистување на случајот