Хроника 22. јануари 2021. / 12:11

Тешка сообраќајка во Скопје – три лица повредени

Тешка сообраќајка во Скопје – три лица повредени

Три лица од кои едно потешко се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрото на крстосницата од улиците „Киро Фетак“ и „Антон Димитров“ во Скопје.

МВР информриа дека во несреќата учествувале „Голф 5“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(62), во кое како сопатник се превезувал И.Б.(27) и „Голф 4“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Б.(43), сите од Скопје.

По незгодата Б.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека В.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им се констатирани телесни повреди, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен е увид на местото на незгодата.