Вчера во 13.00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода. Имено сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(21) од село Арачиново, скопско и патничко возило „Мазда ЦХ-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(65) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.З. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.