Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09.20 часот на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото с.Мислешево.
Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „хјундаи“, со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(59) од Струга и товарно возило „форд“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото с.Драслајца.
–Во незгодата, возачот А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, велат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.