Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која рано утринава се случила кај Железничката станица Скопје.
Од МВР за Курир велат дека сообраќајката кај нив е пријавена во 3:35 часот, а истата се случила на крстосницата од булеварите „Никола Карев“ и „Кузман Јосифовски Питу“.
-Во несреќата учествувале автомобил „Форд фокус“ управуван од Д.С. (23) од Скопје и „Мерцедес“ управуван од 23 годишниот скопјанец В.Н.. Повредени се две лица кои се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – информираат од МВР за Курир.
Полициски екипи излегле на терен за извршување на увид.