Едно лице потешко и двајца полесно повредени во сообраќајната несреќа која утринава се случила кај Собрание, соопштија од МВР.
– На 01.01.2020 во 05.00 часот било пријавено се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел корса“, управувана од Е.И.(31) од Скопје и „пежо 508“, управувано од К.П.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ Ѓ.И.(55) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило Е.И.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.