Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на автопатот Скопје-Велес, после тунелот, дознава Курир.
Според информациите на Курир едно возило непозната марка со скопски регистерки ознаки излетало од патот.
Неофицијално, како што пишуваат од Курир, едно лице загинало . На терен присутни се и возила на Итна медицинска помош. Не е познато колку лица имало во возилото.
Од МВР за Курир само потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, но повеќе информации не откриваат. Велат, по завршување на полицискиот увид кој е во тек ќе бидат познати повеќе детали.