Хроника 17. јуни 2018. / 20:58

Тешка сообраќајка попладнево кај Плетвар – шлепер излетал од патот (ФОТО)

Тешка сообраќајка попладнево кај Плетвар – шлепер излетал од патот (ФОТО)

Товарно возило шлепер со штипски таблички попладнево излетал од патот при спуштање од превојот Плетвар. Како што јавуваат очевидци, сообраќајот на овој пат е во застој, а заради обилните дождови состојбата на сообраќајницата е во лоша состојба и реки кал се спуштаат по него.

За сега нема информации дали има повредени во несреќата.