Хроника 03. јануари 2019. / 10:42

Тешка сообраќајка: Пешак итно заврши на скопските Клиники

Тешка сообраќајка: Пешак итно заврши на скопските Клиники

На 02.01.2019 година во 17:10 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, поточно во село Голема Речица, Р.Е.(45) од село Мала Речица, тетовско, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешакот А.А.(73) од село Голема Речица.

По незгодата, пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Тетово и по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.