Хроника 09. март 2021. / 11:19

Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени пет лица

Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени пет лица

Пет лица меѓу кои две деца се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15:55 часот се случила на регионалниот пат Тетово –с.Јажинце.

Во несреќата, учествувале автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.С.(35) од с.Џепчиште, автомобил „цитроен ц3“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(40) од с.Џепчиште и автомобил„мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(44) од Тетово.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „цитроен Ц3“, Н.Б.(66), а со телесни повреди се здобил возачот и сопатниците Б.Б.(36) и двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.