Едно лице загина денеска околу 11 часот во тешката сообраќајна несреќа која се случни на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во селото Босилово.
Сообраќајната несреќа ја потврдија од МВР, а екипа на струмичката полиција се уште врши увид на местото на несреќата. Во несреќата загина возач на автомобил.
Повеќе детали за несреќата од полицијата најавија за подоцна.