Хроника 30. јули 2019. / 18:56

Тешка сообраќајка на патот Штип-Радовиш – има и повредени

Тешка сообраќајка на патот Штип-Радовиш – има и повредени

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица.

Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37-годишниот Т.Д. од Велес и автомобил марка „голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46-годишниот Ж.К. од село Ињево, Радовишко.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и на автомобилот, како и сопатниците во него 41-годишната Ј.К. и 19-годишната С.К. од радовишкото село Ињево. Увидот е во тек. – вели Панајотова.

Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автомобили наизменично, бидејќи и во тек е отстранување на камионот од коловозот.