АМСМ информира дека во 8 часот и 25 минути на патниот правец Штип – Радовиш, на 6 километри од Штип, се случила сообраќајна незгода.
Поради тоа сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, a засега не се знае дали има некој повреден во несреќата.