Хроника 16. јануари 2019. / 17:00

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје – три лица повредени

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје – три лица повредени

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје.

Вчера во 13:40 часот, после клучка Групчин, патничко возило ,,Фиат пунто“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.И. од село Дебреше, гостиварско, излетало од патот и удрило во заштитна ограда.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 45-годишниот Ш.Х. од село Дебреше, додека другите сопатници А.Х.(26) и О.Х.(20) се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.