Хроника 05. декември 2020. / 13:45

Тешка сообраќајка кај Сити Мол: Се преврте возило, има повредени

Тешка сообраќајка кај Сити Мол: Се преврте возило, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

Се судриле две возила од кои едното со марка „форд“ со охридски регистерски ознаки е превртено. Од превртениот автомобил се извадени двајца живи патници.

На местото на несреќата пристигна брза помош и полиција.