Во 14 часот во непосредна близина на македонско-бугарската граница, 53-годишниот геодет В.З. од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, додека извршувал работни задачи поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.