Во полициската станица во Аеродром 78-годишната В.Т. од Скопје вчера пријавила во близина на нејзината зграда во населбата Јане Сандански на пешачката патека, од страна на непознат сторител извршена и е тешка кражба на дрзок начин.
Имено, според пријавата сторителот и пришол од позади на оштетената и со сила од вратот и го отргнал златниот ланец по што таа паднала на земја и од падот се здобила со повреди на нозете и вратот, а сторителот веднаш избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 18.000 денари.