Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.
На таткото кој е обвинет за насилство врз двегодишното дете кое беше оперирано, му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, а здравствената состојба на детето е добра и тоа денеска ќе биде пуштено дома, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството соопшти дека постапува по случајот во кој двегодишно дете со телесни повреди на 9 август е примено на детската хирургија. Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.
Останатите 3 деца кои вчера биле интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство.
Семејството е познато на Центарот и по претходни пријави за семејно насилство. Од средината на март до почетокот на април годинава, мајката и четирите деца биле згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот го напуштиле по писмена изјава на мајката дека сака да се врати во домот на сопругот со своите деца, бидејќи ги надминале недоразбирањата и состојбата во домот е смирена.