Вчера околу 19 часот пријавено било дека во Тетово на улица „Б.Кидрич“, во забавниот парк во спортски центар -Тетово, од страна на неколку лица, извршено е насилство над А.Л. (22) и А.Ј. (18) од Селце и А. Ш. (18) од Тетово.
А.Ј. бил во забавниот парк и бил физички нападнат од вработените, а кога наишле А.Л. и А.Ш. кои виделе како го напаѓаат, се обиделе да ги раздвојат, но лицата веднаш и нив ги нападнале. По настанот истите се упатиле во Клинички центар -Тетово заради укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Тетово преземени се мерки и активности, пронајдени се напаѓачите и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.