Хроника 28. август 2020. / 15:57

Тепачка во манастарскиот комплекс во Лешок, повредени двајца полицајци, уапсени две лица

Тепачка во манастарскиот комплекс во Лешок, повредени двајца полицајци, уапсени две лица

На 28.08.2020 во 01,00 часот било пријавено дека во с.Лешок во кругот на манастирскиот комплекс бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишник од Тетово од една страна и Д.А. од Тетово од друга страна.

По кратко време повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишникот и С.Д.(20) од Тетово и други две непознати лица.

При преземање мерки, со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. Во врска со настанот лишени од слобода биле С.Д.(20) од Тетово и 17 годишник од Тетово.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.