Хроника 23. ноември 2020. / 18:27

Тепачка во казино во Градско

Тепачка во казино во Градско

Едно лице од Градско пријавил дека бил физички нападнат во казино од еден жител од селото Виничани.

 Вчера во 17:35 часот во Полициската станица Велес, 27-годишниот Д.И. од Градско пријавил дека околу 17:15 часот во казино во Градско бил физички нападнат од 31-годишниот Г.В. од с.Виничани, Општина Градско, соопштуваат од СВР – Велес.

Од СВР – Велес информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.