Хроника 25. април 2018. / 14:40

Тело во фаза на распаѓање најдено во Ресен

Тело во фаза на распаѓање најдено во Ресен

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен.

Во Ресен над објектот на средното училиште во борова шума, било пронајдено лице (неутврден пол) обесено на дрво чиешто тело било во фаза на распаѓање.

Телото било пронајдено вчера во 19.30 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен.