Хроника 06. декември 2018. / 09:55

Тажна вест: Почина Љубиша Георгиевски

Тажна вест: Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина најголемиот театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.