Полицијата вчера лишила од слобода шеесетидвегодишен жител на Скопје кој извршил обљуба врз неговата ќерка, и во неколку наврати физички ја нападнал.
Според полицискиот билтен, на 10.11.2020 во 08,34 часот во полициска станица, 29 годишна жителка од Скопје, пријавила дека на 09.11.2020 во 22,00 часот во семејна куќа во Скопје врз неа била извршена обљуба и во неколку наврати физички нападната, од нејзинот татко М.Г.
Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.