Српските цариници вечерва во автобус со кој се превезувале играорци од нашиот национален ансамбал Танец на пат за настапи во Хрватска Словенија и Австрија, при претрес пронашле голема количина на шишиња со вино и ракија и многу штеки со цигари, јавуваат за Либертас очевидци од граничниот премин.
ВД директорот на Танец, Стојанче Павловски, и другите играорци и возачите добиле наредба да го напуштат автобусот, а цариниците го однеле на скенер за да проверат да не има уште сокриена стока.
Претходно сите биле детално претресувани и од автобусот им била извадена целата облека, и приватната и онаа за настап.