Хроника 19. декември 2018. / 15:55

Свесно примал фалс евра во маркет – тетовец заработи кривична

Свесно примал фалс евра во маркет – тетовец заработи кривична

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против М.М. (36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување пари“.

На 02 и 07 септември годинава во Тетово, во два маркети, пријавениот, како одговорно лице во наведените маркети, во два наврати, од непознати лица, при купување на производи, примил две фалсификувани банкноти од 50 евра, за кои и покрај тоа што знаел дека се фалсификувани, не го пријавил како кривичното дело во надлежен орган.