Три пожарникарски возила и 11 пожарникари интервенирале во гаснењето на пожарот во стан кој попладнево избувна на улицата„Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин.
Пожарот кој избувна на петиот спрат од станбената зграда е изгаснат, а освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.
Командантот на Противпожарната единица во Скопје Владимир Симоновски информираше дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушара за алишта.