Хроника 08. април 2020. / 10:34

Метални профили ја пробиле шофершајбната: Судар на три возила на патот Неготино-Кавадарци

Метални профили ја пробиле шофершајбната: Судар на три возила на патот Неготино-Кавадарци
фото: архива

Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши“.

– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајката. Рече дека не може да каже повеќе детали, оти во тек е увидот на лице место.