Хроника 20. септември 2019. / 11:51

Стружанец сакал да и побегне на полицијата, па се сопнал и повредил

Стружанец сакал да и побегне на полицијата, па се сопнал и повредил

Во Полициска станица Струга вчера бил приведен М.М. од с.Радолишта, струшко.

На место викано Радолишка Краста полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, што го управувал М.М., при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, М.М. се обидел да избега, но паднал и се повредил, по што бил приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.