Хроника 21. јуни 2018. / 15:54

Струмичанец на мали деца им покажувал порнографски материјали – ќе одговара пред полиција

Струмичанец на мали деца им покажувал порнографски материјали – ќе одговара пред полиција

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 48-годишниот К.К. од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

На 13.05.2018 година пријавениот, додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево, се доближиле две малолетни деца, по што истиот од мобилниот телефон им покажувал видео клипови со порнографски содржини.