Хроника 22. ноември 2019. / 10:55

Струга: Тешко повреден возач откако излетал од патот

Струга: Тешко повреден возач откако излетал од патот

Синоќа во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот К.А. од Охрид, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.