Хроника 12. April 2019. / 11:15

Стражна несреќа: Ауди се заби во камион

Стражна несреќа: Ауди се заби во камион

Во 21.30 часот на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот В.И. од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот Д.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, односно Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.