Хроника 15. септември 2019. / 18:57

Страшно: Момче претепано кај Градски стадион

Страшно: Момче претепано кај Градски стадион

Млад скопјанец утринава е претепан во близина на Градскиот стадион, по што заврши на Клиника.

Иутринава во 4.44 часот во СВР Скопје, И.Ф.(22) од Скопје пријавил дека околу 4.30 во близина на Градскиот стадион во Скопје бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки. И.Ф. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му била укажана лекарска помош. Според пријавеното, причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот.

Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.