Хроника 01. септември 2019. / 20:27

Страшно: Гори шума во Катланово

Страшно: Гори шума во Катланово

Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, пред неполн час избувна пожар.

Во моментов гори нискостеблеста шума, а стигијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.

– Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го зигансеме или локализираме. – рече Симоновски.