Хроника 31. јули 2020. / 20:45

Страшна сообраќајна несреќа попладнево: Неофицијално една жена загина, а неколкумина се повредени

Страшна сообраќајна несреќа попладнево: Неофицијално една жена загина, а неколкумина се повредени

Вечерва во 18 часот во трагична сообраќајка која што се случила на местото викано Жито Ресен загина едно лице, а има и повредени, дознава Centar.mk од неофицијални извори.

Според неофицијални информации на Centar, се судриле автомобил марка опел астра со прилепски таблици и ресенски пасат.

Во несреќата со повреди се здобиле четири лица, од кои едно девојче. Во болничко возило, неофицијално, на повредите им подлегнала жена. Повредените, двајца мажи и женско дете се носат со болнички возила во Битола. Полицијата врши увид, сообраќајот е во прекин.