Хроника 13. април 2018. / 10:01

Страшна сообраќајка во Скопје – утрово загина мотоциклист (ФОТО)

Страшна сообраќајка во Скопје – утрово загина мотоциклист (ФОТО)

Во страшна сообраќајка која утрово околу 7.00 часот се случи во скопската населба Ново Лисиче загина мотоциклист, објавуваат граѓани на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам.

Според нивните објави телото на загинатиот мотоциклист се уште стои на улицата додека трае увидот на полициските екипи.

Сообраќајката се случила пред црквата во Ново Лисиче од страната на Аеродром.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот.

Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.