Хроника 17. март 2019. / 10:39

Страшна сообраќајка во Скопје: Три возила целосно уништени – повредени лежеле на патот

Страшна сообраќајка во Скопје: Три возила целосно уништени – повредени лежеле на патот

Три возила се целосно уништени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случила на влез на Скопје, дознава „Република“.

Несреќата се случила на автопатот на влезот на Скопје во Ченто, кај сервис „Колевски“.

Според очевидци, неколку повредени лежеле на патот, а полиција и Брза помош пристигнале подоцна на местото на несреќата. Луѓе со блиц мобилни телефони сигнализирале на возилата што доаѓаат за да ги предупредат.