Хроника 18. јуни 2019. / 12:10

Страшна сообраќајка во Скопје: Мотор се заби во камион – две лица повредени

Страшна сообраќајка во Скопје: Мотор се заби во камион – две лица повредени

Во 13.45 часот вчера на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило„Виктори Џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот С.З. од Скопје и мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот А.Ј. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.