Хроника 12. мај 2018. / 11:45

Страшна сообраќајка во Македонија: Починал на лице место откако изгубил контрола над возилото

Страшна сообраќајка во Македонија: Починал на лице место откако изгубил контрола над возилото

Вчера околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново кон село Бориево, струмичко, 41-годишниот А.С. од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Полицијата мерки за расчистување на случајот.