Хроника 05. јануари 2019. / 12:22

Страшна сообраќајка во Куманово: Возачите и патниците завршија во болница

Страшна сообраќајка во Куманово: Возачите и патниците завршија во болница

Ноќеска околу 01.30 часот во Куманово, на ул. „Доне Божинов” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д. (26) и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33).

Б.Д. и И.Ј., како и сопатниците А.С. и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово. Кај Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Куманово, а известен е и јавен обвинител.