Хроника 19. јануари 2019. / 11:40

Страшна сообраќајка скопјанец со комбе излетал од пат

Страшна сообраќајка скопјанец со комбе излетал од пат

Четириесет и четиригодишен скопјанец е повреден во сообраќајна несреќа откако со комбето што го управувал излетал од патот Кичево-Охрид.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера во 08.30 часот кога А.Б. (44) со камион „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.