Маж тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар.
Вчера вечерта по полноќ во 02:50 часот, кај крстосницата за село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ш.И. од село Ново село, струшко, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.Б. од село Велешта.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.