Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од патот Скопје-Велес.
Од МВР за Курир информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.
Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил „Алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.
Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.
Полициски екипи на местото на сообраќајната несреќа извршиле увид.