Хроника 27. мај 2019. / 11:00

Страшна сообраќајка кај Неготино – девојка тешко повредена

Страшна сообраќајка кај Неготино – девојка тешко повредена

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајка кај Неготино.

Споед полицијата, вчера во 23.20 часот во село Пепелиште, Неготинско, патничко возило „ауди“, управувано од К.Д.(18) од с.Пепелиште, удрило во пешакот С.А.(20) од село Пепелиште. Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.